„Јувентус е силен, но ние може да им се спротиставиме!“


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Младиот напаѓач на Монако, Мбапе има голема почит кон Јувентус, со кој неговиот тим ќе игра во ½-финале на ЛШ.

„Јувентус е голем тим, сите ја знаеме нивната историја и за нивните успеси од минатото. Станува збор за фантастичен тим кој ја исфрли Барселона во ¼-финале.“

„Тогаш стана јасно дека Јувентус има се што е потребно да ја освои ЛШ. Јуве е силен, но и ние треба да одиграме. Стигнавме до ½-финале и мислам дека тоа е доказ за нашиот квалитет.“

Монако и Јувентус играат во среда во 20:45, а реваншот е на 9-ти мај во Торино.