Барселона доби два поклони, Суарез два пати го казни Еспањол – Каталонците се вратија на врвот (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерите на Барселона го победија Еспањол на Корнеља Ел Прат во натпревар од 35-то коло во Ла Лига, 0:3.

Роберто пропушти голема шанса за погодок со глава. На почетокот на второто полувреме фудбалерите на Еспањол направија грешка, а тоа го казни Суарез.

Лопез одлично интервенираше по ударот на Нејмар. Во 76-та минута Иван Ракитиќ зголеми на 0:2.

Повторно грешка на фудбалерите на Еспањол, а тоа повторно го казни Луис Суарез кој го постигна неговиот втор погодок на натпреварот и ги постави конечните 0:3.

Барселона ќе се врати на лидерската позиција и ќе има исто бодови колку и Реал Мадрид кој има еден натпревар помалку.