ПСЖ и Барса атакуваат по ист играч, Парижаните имаат „кец во ракавот“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Како што пренесуваат бројни европски медиуми, актуелниот шампион на Франција има голема предност во однос на актуелниот шампион на Шпанија, кога е ангажирањето на овој фудбалер во прашање.

И Пари Сен Жермен и Барса бараат еден од квалитетен стопер, по можност што помлад, кој може да ги реши сите проблеми во последната линија на долги стази.

Барса извесно ќе ги напушти Жереми Матје, дури и Маскерано, кој често игра како централен дефанзивец, може да оди и тоа токму во Париз, а повеќе за тоа можете да прочитате ТУКА.

На Паркот на Принцевите од друга страна стравуваат дека може да останат без Маркињос, за кого голем интерес покажа Манчестер Јунајтед, Мурињо наводно е спреми висока понуда за неговите услуги.

И покрај тоа, познато е дека Светците бараат четврт стопер откако останаа без Давид Луиз, па така приоритет во ова лето ќе биде ангажирање на еден централен дефанзивец.

И Барса и ПСЖ се така заинтересирани за ист фудбалер, имено двата тима во своите редови да го видат Дејвисон Санчез од Ајакс.

Младиот Колумбиец привлече внимание на себе во оваа сезона, има само 20 години, а во Амстердам стигна од Атлетико Насионал во ова лето.

Одма стана стандарден во дресот на Ајакс, одигра 41 меч во сите натпреварувања за екипата на Ајакс, постигна и пет голови и запиша две асистенции во Ередивизија.

Се проценува дека Ајакс би бил спремен да го пушти за 25 милиони евра, што секако и Барса и ПСЖ може да си дозволат, но предност има францускиот тим, бидејќи нивниот спортски директор Патрик Клајверт е во добри односи со својот поранешен клуб, и се верува дека може да го придобие Санчез да му се придружи во “Градот на светлоста“.