Пелистер подобар од Борец во Битола


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Ракометарите на Пелистер во спортската младост во Битола го победија Борец со 34:29.

На полувреме пелистерци заминаа со три погодоци предност, 16:13. Во второто полувреме ракометарите на Борец успеаа да израмнат и за прв пат на натпреварот да стигнат до водство. Пелистер со серија од погодоци направи пресврт и го зголеми водството и на крајот победи, 34:29.

Ристо Вујачиќ го предводеше Пелистер со 11 погодоци. Кај Борец најмногу се истакна Ивица Илиев со 10 погодоци.