Кличко нокаутиран – Ентони Џошуа е новиот цар на светскиот бокс


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Ентони Џошуа е новиот светски шампион во тешка категорија. Британецот вечерва во Лондон со нокаут во 11-та рунда го победи легендарниот Владимир Кличко.

Џошуа одлично ја започна првата рунда. Го погоди неколку пати Кличко со кроше, а украинецот немаше вистински одговор во оваа рунда. Клично на почетокот на втората рунда добро го погоди британецот со десен директ, но Џошуа потоа ја презеде контролата и со неколку добри удари ја доби и втората рунда.

Одличен старт на Џошуа во третата рунда. Го нападна од самиот почеток 41-годишниот украинец и успеа добро да го погоди на почетокот, но Кличко добро ги издржа сите удари, но рундата отиде на страната на британецот. Кличко веднаш нападна во четвртата рунда. Со кроше го погоди Џошуа кој веднаш возврати и го погоди противникот. Минута пред крајот Кличко доби уште едно кроше.

Петата рунда донесе добар старт на Џошуа. Го погодуваше во серии Кличко кој падна, но се врати после броењето на судијата. Почна да тече крв над окото на Кличко кое му претставуваше проблем кој успеа да се врати и да го здрма британецот кој изгледа уморно и едвај се спаси. Шестата рунда донесе нокдаун за Џошуа. Кличко добро го погоди со десно кроше и британецот за прв пат во кариерата падна. Стана, но украинецот доминираше и шестата рунда му припадна него.

Џошуа се истроши во петата рунда и Кличко тоа го користеше во седмата кога погодуваше со сето оружје што го има. Поранешниот шампион ја доби и седмата рунда. Украинецот боксуваше фантастично и во осмата рунда. На искуство го здрма 27-годишниот британец кој изгледа уморно. Сепак, успеа и тој да го погоди неколку пати, но Владимир без проблеми ги издржа тие удари.

Тактички Кличко беше фантастичен. Продолжи сигурно да боксува, но британскиот боксер во деветата рунда повторно успеа добро да го погоди Кличко и да се врати во натпреварот. Се продолжи со фантастична борба и во десетата рунда. Британецот повторно успеа да го погоди Кличко, но не успеа да стекне поголема предност.

Џошуа неверојатно влезе во 11-та рунда. Повторно Кличко падна. Се беше готово на крајот на рундата кога судијата го прогласи британецот за победник.