Анчелоти горд после што сруши рекорд


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Баерн вечерва со победата над Волфсбург (6:0) повторно ја освои титулата во Германија.

Баварците со стил ја освоија титулата во Германија, а тоа го потврдија на три кола пред крајот на првенството.

Ова беше 25 титула на Баерн и петта по ред.

„Среќен сум поради мојата прва титула во Бундеслигата.

Благодарам на моите играчи, стручен штаб, клуб и одлични навивачи. Многу сум горд“, рече тренерот на Баерн Карло Анчелоти.

Тој воедно стана прв менаџер кој ја освои Лига 1, Серија А, Премиер лига и Бундес лига.

„Ќе бидеме уште посилни во наредната сезона“, додаде Анчелоти кој рече дека му е малку жал поради пропуштените шанси во Лигата на шампионите и Купот на Германија.