Џошуа е новиот Али – Фотографија која вреди 1000 зборови


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ентони Џошуа е цар на тешката категорија после вчерашното нокаутирање на Владимир Кличко.

Британскиот боксер пред 90.000 гледачи на Вембли го нокаутира легендарниот Кличко и стана нов крал на тешката категорија. Џошуа и Кличко приредија натпревар за паметење, а после борбата многумина британскиот боксер го споредија со легендата на овој спорт, Мухамед Али.

На друштвените мрежи се појави фотографија која не потсетува на онаа легендарна слика на Али од неговите боксерски денови. Дали Џошуа ќе биде наследник на Али останува да видиме.