Се спрема нов спектакл? Фјури го прифати предизвикот


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Новиот шампион во тешка категорија, Ентони Џошуа после натпреварот против Кличко го предизвика Тајсон Фјури на дуел.

„Тајсон Фјури каде си бејби? Ајде, дали тоа е што сакаш да го видиш? Уживам да се борам. Сакам да се борам. Фјури знам дека многу зборуваше и дека сакаш да се вратиш да боксуваш“, изјави Џошуа.

Долго не се чекаше на одговор на поранешниот шампион во тешка категорија, Тајсон Фјури.

Тој на Твитер напиша дека го прифаќа предизвикот.

„Предизвикот е прифатен. Светот ќе ја гледа најдобрата борба во последните 500 години. Ќе се борам против тебе. Ти си боксерскиот сон“, напиша Фјури.