Вистински шампион – Заработи милиони, а живее многу скромно


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ентони Џошуа е новиот цар во тешката категорија после вчерашното нокаутирање на Владимир Кличко во 11-та рунда.

Британскиот боксер во 11-та рунда неколку пати го падна Кличко на под, а потоа судијата одлучи да го прекине овој натпревар бидејќи процени дека украинскиот боксер повеќе не можи да се бори. Џошуа со оваа победа стана цар во тешката категорија, а но и после натпреварот кажа дека нема ништо да се смени и дека тој стои цврсто на земјата.

Медиумите во Англија пред неколку дена направија приказна за шампионот во тешка категорија која ги воодушеви неговите фанови. Иако Џошуа заработува милиони тој уште живее со својата мајка во куќата која ја купил кога ја заработил првата поголема сума на пари.

Џошуа има син со Никол Осборн која живее во нивниот богат апартман од половина милион фунти во Лондон. Ентони поголемиот дел од времето го поминува со својата мајка и не крие дека уште живее со неа иако има фамилија.