Спречена голема трагедија на каталонското дерби


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерите на Барселона го победија Еспањол на Корнеља Ел Прат, 0:3.

Каталонскиот клуб полесно од очекуваното стигна до трите бода и така се врати на лидерската позиција во Ла Лига. Два погодоци постигна Луис Суарез, а еден Иван Ракитиќ. Сепак, на почетокот на натпреварот имаше немири на трибините на Корнеља Ел Прат.

Според шпанските медиуми на трибината на која беа навивачите на домашниот тим се појавил човек во дрес на Барселона кој прво почнал да ги провоцира присутните. Потоа извадил пиштол и пукнал неколку пати во воздух. За среќа полицијата брзо реагирала и спречила можна трагедија.

Главното прашање е како овој навивач успеал со огнено оружје да влезе на стадион? Полицијата почнала истрага за овој случај, а навивачот е уапсен. Уште не е познато дали тој е навивач на Барселона.