Што ќе биде со Џиџи? Четири решенија како четири животни патишта


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Раиола сеуште не сака да преговара со Кинезите. Што нуди Манчестер? Како во игра би можел да дојде Реал? Каде е во сето тоа Јувентус?

Милан никогаш не бил послаб, уште една сезона која брзо треба да се заборави, но затоа барањата за некои фудбалери на некои Милан се никогаш поголеми. Европа се бори за младиот голман Донарума.

Најновите информации велат дека агентот на овој фудбалер, Раиола почнал да игра валкано .

Тој со недели ги одложуваше преговорите за продолжување на договорот, а се под изговор дека сака да заврши продажбата на Милан на Кинезите. Сега кога тоа е средено, тој повторно одложува и има услов: Да почекаме да видиме што планираат новите сопственици!

Раиола очигледно не им верува на Кинезите, па смета дека немаат доволнопари за тим кој би можел да се бори за тиутлата, а тоа е прв услов Донарума да го продолжи договорот.

Прва опција – останување во Милан

Мино Раиола и Џанлуиџи Донарума на маса имаат отворена понуда од Милан која изнесува 3.2 милиони евра, а со бонуси би можела да стигне до 4.5 милиони и би важел договорот до 2022 година.

Втора опција – Јувентус

Според многумина, Јуве е најсериозен кандидат да го донесе, затоа што е реална опција дека тој би можел да биде наследник на Буфон.

Наводно тие разговарале со родителите на Донарума и го убедуваат фудбалерот да премине кај нив.  Милан не сака да замине својот најдобар продукт во последните неколку децении на големиот ривал и Раиола исто не е за таа опција.

Буфон ќе брани уште една година, па потоа би можело да се оди во напад на Донарума.

Се проценува дека Милан мора да го продаде Донарума ова лето за 50 милиони евра ако не се договорат за продолжување на договорот. Но ако продолжи вака Раиола, тогаш Милан би можел да ги одбие сите понуди и на своја штета да го зачува голманот до 2018-та година и потоа да замине бесплатно.

Трета опција – Реал Мадрид

Реал бара нови решенијиа за својот тим. Да останеше Галијани во Милан, тогаш Реал ќе беше фаворит, со оглед на неговите односи со Перез. Флорентино не го сака Раиола и тешко ќе се соработува со него, иако медиумите тврдат дека би можеле да се договорат после се.

Четврта опција – Англија

Иако Раиола тврди дека не станува збор за пари, сепак тој фактор не се заборава. А се знае каде има најмногу пари. Новите информации тврдат дека Донарума, односно неговиот агент, добил повеќе од двојно поголема понуда од Милан.

Станува збор за Јунајтед кој му нуди 7.5 милиони евра. Мурињо ова лето би можел да остане без Де Геа, а идеална замена гледа во Донарума. Истиот извор тврди дека слична понуда има и Сити. Проценките се дека Милан може да добие 50 милиони евра за трансферот.

Денот на одлука се ближи, а само едно е сигурно – најмалку се прашува Донарума и неговата љубов кон Милан.