„Не чека тешка работа“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фетел беше најбрз на квалификациите за ГН Русија.

Возачот на Ферари на патеката во Сочи стигна до 47-та пол позиција во кариерата, а го следеше Раиконен кој заврши како втор.

„Чувството е неверојатно по освоената пол позиција, големи заслуги има тимот. Ме радува фактот дека Ферари има 2 возачи во првиот ред. Можеме да бидеме горди, но не чека тешка работа до победата.“

Германецот води во генералниот пласман со 68 бодови, 7 повеќе од Хамилтон.

Да потсетиме, Фетел победи во 2 трки досега, а Хамилтон победи само во една.

Трката за ГН на Русија се вози од 14 часот.