Среќата не ја послужи Лина – Ѓорческа поразена во финале во Тунис!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Денес од 13:10 се одигра натпреварот од турнирот во Тунис.

Нашата најдобра тенисерка Лина Ѓорческа како 7-ми носител имаше тешка задача против 3-та носителка на турнирот, Хогенкамп.

Натпреварот беше израмнет, но одреден притисок на моменти од страна на тенисерката од Холандија која успеа да го направи првиот брејк во 5-от гејм за водство од 3:2.

Лина Ѓорческа враќа со иста мера во 10-от гејм и израмнува на 5:5, но повторно Хогенкамп прави брејк во наредниот гејм и со 7:5 го освојува првиот сет.

Во вториот сет слична ситуација. Првиот брејк го прави Хогенкамп за водство од 2:1, но Лина враќа експресно и израмнува на 2:2.

во 7-от гејм од вториот сет повторно брејк од страна на Хогенкамп и водство од 4:3. До крајот на натпреварот Лина имаше брејк шанса, но не ја искористи и нејзината противничка стигна до триумф со 6:4 во последниот сет.