Фантастичен старт и победа за Ботас во Русија


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Возачот на Мерцедес, Валтери Ботас победи на ГН на Русија на патеката во Сочи.

Фетел стартуваше од пол позиција, но брзо го загуби лидерското место. Фантастичен старт на Ботас кој го презеде водството. Раиконен и Хамилтон останаа на третата и четвртата позиција. Почетокот на трката го обележа и судирот помеѓу Палмер и Грожан по кој излезе сејфти кар возилото. Финскиот возач ја зголемуваше предноста во однос на возачот на Ферари. По влегување во боксот Ботас излезе четврт, а Фетел остана седум круга повеќе од него на патеката. По влегувањето на германецот, Ботас се врати на лидерската позиција, но Фетел веднаш притисна и намали на една секунда заостанување. Ботас на крајот успеа да слави, а Фетел заврши зад него. Место за подиумот имаше и за Кими Раиконен.

 

1. Валтери Ботас – Мерцедес
2. Себастијан Фетел – Ферари
3. Кими Раиконен – Ферари
4. Луис Хамилтон – Мерцедес
5. Макс Ферстапен – Ред Бул
6. Серџо Перез – Форс Индија
7. Естебан Окон – Форс Индија
8. Нико Хулкенберг – Рено
9. Фелипе Маса – Вилијамс
10. Карлос Сајнц – Торо Росо
11. Ленс Строл – Вилијамс
12. Даниел Квјат – Торо Росо
13. Кевин Магнусен – Хас
14. Штофел Вандорн – Мекларен
15. Маркус Ериксон – Заубер
16. Паскал Верлајн – Заубер

Трката не ја завршија:

Даниел Рикиардо – Ред Бул
Фернандо Алонсо – Мекларен
Роман Грожан – Хас
Џојлон Палмер – Рено