Вардар лесно си поигра со Победа, Пелистер подобар од Ѓорче Петров, по бод за Работнички и Шкендија


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Завршија пет натпревари од 30-то коло во првата македонска фудбалска лига.

Вардар на Телеком Арена лесно ја победи Победа, 4:0.

Хуан Фелипе донесе водство на вардарци. Четири минути пред крајот на првото полувреме Дејан Блажевски зголеми на 2:0. За 3:0 погоди Џигаури во второто полувреме. Три минути пред крајот на првото полувреме Дамир Којашевиќ ги постави конечните 4:0.

Ренова и Работнички во Тетово ремизираа, 1:1.

После осум минути игра гипсарите имаа водство. Ваљмир Нафиу погоди за радост на домашните навивачи. Работнички израмни десетина минути пред крајот на натпреварот со автоголот на Ненад Мишковски.

Шкупи и Шкендија ги поделија бодовите во Чаир, 1:1.

Ферхан Хасани во првото полувреме донесе водство на тетовскиот клуб. Чаирчани израмнија преку Асани кој ги постави конечните 1:1.

Пелистер во Битола ја победи Македонија Ѓорче Петров, 3:1.

Ристе Маркоски после четири минути игра погоди за водство на Пелистер. Во 37-ма минута Мартин Ковачев зголеми на 2:0. Аломеровиќ десетина минути пред крајот на натпреварот намали на 2:1. Баже Илиоски ги постави конечните 3:1 во судиското продолжение од првото полувреме.

Силекс ја победи Брегалница во Кратово, 3:2.

Игор Филиповиќ во првото полувреме ги израдува кратовските навивачи. Бобан Георгиев и резервата Ристе Наумов направија пресврт во второто полувреме, 1:2. Глигор Глигоров со својот погодок израмни, 2:2. Дарко Додев ги постави конечните 3:2 пред самиот крај на натпреварот.