„Се чувствувам одлично, се уште не знам што ќе правам“


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Кличко беше брутално нокаутиран од Џошуа.

Тој имаше одличен натпревар. Беше во нокдаунт во 5-та рунда, стана, па го испрати Џошуа на подот, но во 11-та рунда дојде неговиот крај.

Џошуа со жесток аперкат го погоди директно во брадата, а потоа со серија удари ја заврши работата.

По натпреварот Кличко му честиташе на Џошуа, а до крајот на годината може да видиме и реванш помеѓу овие два боксери.

„Премногу е рано за тоа. Иако изгубив, се чувствувам одлично. Ќе земам време и кога ќе одлучам што ќе биде, тоа јавно ќе го соопштам.“

Меѓутоа, легендарниот боксер е во серија од два порази. Иако беше одличен, годините си го прават своето и Владимир најверојатно би можел да се пензионира.