„Се оди во насока на натпревар со Фјури“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Иако ја имаше победата на кариерата пред 24 часови, Џошуа се насочува кон нов дуел.

Тој во 11-та рунда го победи Кличко и така го задржа појасот на светски шампион.

Во разговори за медиумите, изјави дека е подготвен за реванш со Кличко, доколку тој го сака тоа.

„Затоа го споменувам Фјури, не споменувам никого без причина. Слушнав, видов и ми изгледа дека се оди во тој правец.“

„Ако таа борба донесе забава за навивачите, тогаш би бил подготвен да одам во уште една голема борба.“

„Пред натпреварот со Кличко имав 44 рунди професионален бокс, а сега се чувствувам како да имам зад себе 144 рунди.“

„Не сакам само да победувам, сакам да победувам со стил.“