Картер сака да игра уште 2 години!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Кошаркарот на Мемфис изјави дека нема намера да се пензионира.

Иако многумина сметаа дека оваа сезона е последна за 40-годишниот кошаркар, тој сака да одигра уште 2 сезони.

„Се сеќавам дека си поставив цел да одиграм 15 сезони во НБА. Кога го надминав тоа, само продолжив и не се свртев. Сега си зборувам дека сакам да играм уште 2 години.“

„Толку сум подготвен и добро се чувствувам да можам да одиграм 3 серии во плеј-оф. Луѓето постојано ми зборуваат дека требало да бркам прстен, но тоа не ме интересира. Среќен сум во Мемфис. Моето семејство е среќно тука.“

Во текот на регуларниот дел Картер одигра 73 натпревари во просек имаше по 8 поени, 3.1 скок и 1.8 асистенција. Во плеј-оф серијата тој имаше 9.2 поени, 3.3 скокови и 1.5 асистенции во просек.