„Сакам дрес само од еден фудбалер!“


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Дибала призна дека и понатаму сака само дрес од еден фудбалер. Одличниот играч во редовите на Јувентус се надева дека еден ден ќе добие шанса да го замени дресот со Ронадлињо.

Дибала со одличните игри во Јувентус покажа дека од него може да се очекува многу во иднина.

Тој сака дрес од играч кој беше најдобар во светот во свое време, поточно Роналдињо.

„Еден играч чиј дрес и понатаму го сакам е Роналдињо. Еден ден Гатузо ми вети дека ќе го повика и ќе праша дали може да ми го даде својот дрес, затоа што тие двајца играа заедно, но тоа не се случи.“

„Роналдињо е еден од моите најмили фудбалери. Гледајќи го него сфатив дека мора да знаете да се забавувате пред да играте фудбал.“