АТП листа – Мареј повторно ја зголеми разликата пред Ѓоковиќ!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


На најновата АТП листа која беше објавена денес немаше промени во топ 10, но првиот тенисер Мареј доби поголема предност од Ѓоковиќ.

Мареј е прв на табелата со 11.870 поени, а тоа е 180 повеќе во однос на минатата недела. Тој ги доби тие поени во Барселона, каде што стигна до ½-финале.

Него го следи Ѓоковиќ со 8085 поени, трет е Вавринка со 5695 бодови додека Федерер има 5125 бодови на 4-то место.

Надал е на 5-та позиција со 4735 поени, а по него следуваат Раониќ, Нишикори, Чилиќ, Тим и Гофан.