Симеоне во проблеми поради повредени дефанзивци


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тренерот на фудбалерите на Атлетико Мадрид Диего Симеоне рече денеска дека ќе пронајде решение за повредените одбранбени играчи во пресрет на првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите против градскиот ривал Реал.

Атлетико вечерва од 20:45 часот ќе игра против актуелниот шампион на Европа Реал, прв полуфинален натпревар од Лигата на шампионите.

Симеоне нема да може да смета на искусните дефанзивци Хосе Хименес и Хуанфран Торес, кои може да го пропуштат и реваншот на Висенте Калдерон во наредната недела.

„Ќе пронајдеме решение. Тие отсуства се важни поради тоа што во новата ситуација ќе се најдат тие играчи кои ќе играат на нивните позиции. Но, ова е тимски спорт и остатокот на на екипата може да го надокнади нивното отсуство“, рече Симеоне.

Атлетико загуби три натпревари по ред од Реал во Лигата на шампионите, вклучувајќчи и финалината во 2013 и 2016 година.

Атлетико е познат по црстата одбрана, која прими 25 гола во 35 натпревари во првенството во оваа сезона

Хименез го повреди мускулот, а Хуанфран има проблем со тетивата.

Атлетико ќе мора да пронајде начин да го запре Кристијано Роналдо, кој во четвртфиналето против Баерн од Минхен постигна пет гола, но се потпираат во добриот скор, бидејќи во последните 12 натпревари во сите натпреварувања примија четири гола.