„Внимателно го следам Монако, не запираат никако!“


Одиме јако! Не чека ЛУД викенд! ↓↓↓


Фудбалерите на Јувентус утре играат против Монако.

Целта на Јувентус во оваа сезона да ја освои ЛШ, а наредна пречка на тимот на Алегри ќе биде тимот воден од Мбапе.

Пред натпреварот Киелини имаше само пофални зборови за нивниот ривал.

„Тие кои ни рекоа дека ќе биде лесно со Монако, не знаат фудбал. Внимателно ги следам и гледам дека во последните неколку месеци не сопреа во ниту еден момент. Имаат неверојатна сезона, со неверојатна статистика во првенството на Франција.“

„Монако заслужува максимална почит. Имаат многу млади фудбалери кои стигнаа до високо ниво.“

Јувентус нема да смета на Кедира кој е суспендиран и на повредените Пјаца и Ругани.