Дибиров: Во Келн нема да одиме само да гледаме, туку да се надигруваме


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Вардар го доби ривалот во полуфиналето на Ф4 турнирот во Келн, шпанска Барселона, но вардарци ветуваат дека нема да одат само за да ги гледаат натпреварите. Напротив ќе дадеме сѐ од себе да покажеме дека имаме квалитет и не случајно го освоивме првото место во групната фаза.

Натпреварот со Барселона ќе се игра на 3 јуни во 18 часот.

Веднаш по одржаната ждрепка тренерот Раул Гонзалез, Стојанче Стоилов и Раул Гонзалез ги кажаа своите импресии од ждрепката.

Раул Гонзалез – тренер на Вардар

„Во полуфиналето играме против Барселона. Не знам дали е добро или лошо, само не сакав да играме против Веспрем, затоа што многупати одигравме со нив. Вака е подобро за сите, за нас и за публиката. Барселона е одлична екипа, беа први во својата група, имаат одлична одбрана и многу добри голмани, затоа мораме да се подоготвиме со срце и мозок. Ако одиграме како против Фленсбург имаме шанса да победиме. Имам доверба во играчите и треба да се обидеме да победиме. Барселона таму ќе го игра најдобриот ракомет, не знам како ќе се одвива натпреварот, но се надевам на најдоброто”

Тимур Дибиров – играч на Вардар
„Среќен сум кога доживеав натпреварот меѓу Вардар и Барселона да биде толку важен и значаен дуел. Излегуваме како рамноправни екипи на терен, задоволни сме од ждрепката. Барселона не беше екипата која не ја посакувавме, но не чека тешка работа која треба да ја направиме во Келн. Бидејќи не одиме таму само да го гледаме европскиот крем туку и да се надигруваме. Ќе се вратиме со последниот авион од Келн”.

Стојанче Стоилов – играч на Вардар
„Сите четири екипи имаат скоро подеднакви шанси. Јас лично не сакав да се падне единствено ПСЖ, а ако веќе играме против нив да играме во финале. Ја добивме Барселона за противник, ги познаваме многу добро играчите, имаат добар тренер и квалитетни ракометари. Мораме да се добро да се подготвиме психички и физички, па кога сме веќе таму да се обидеме да го освоиме трофејот”.