Тимот играше фантастично


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Кристијано Роналдо беше задоволен после победата над Атлетико Мадрид во првиот полуфинален натпревар во ЛШ. Португалецот ги постигна сите три погодоци за кралскиот клуб.

„Морам да му честитам на целиот тим кој беше неверојатен. На мене дојде редот да постигнувам погодоци, но како тим одигравме фантастично од почетокот до крајот. Имавме шанси, успеавме некои од нив да ги претвориме во погодок. Во другите случаи Облак беше одличен“, изјави Роналдо.

„Тимот играше одлично. Природно беше да постигнам погодоци. Среќен сум и што го постигнав 400-от погодок во дресот на Реал Мадрид.“

„Имаме голема предност после оваа победа, но уште не е ништо сигурно. Ќе мораме добро да играме во среда бидејќи Атлетико е фантастичен тим и не е случајно што се полуфинале“, додаде Роналдо.

„Само сакам да не ми свират. А јас секогаш ќе се обидам да го дадам најдоброто од себе за навивачите“, заврши Роналдо.