Анализа – Професор Зизу, „Чоло“ го издаде „предоријанската гарда“!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


На страна индивидуалниот квалитет на Роналдо, тој е натчовек, тоа сите го знаеме, но како и во финалето во минатата сезона, Зидан беше на маса. Овој Реал кој не забавува во големите мечеви, веќе победува…

Атлетико едноставно направи повеќе грешки отколку што било кој можеше да претпостави.

Во однос на загубеното финале кога Зидан му ја препушти топката, јасно беше идејата да нападне високо во првите 15 минути, и со брзите напаѓачи да искористи евентуално освоена топка на противничката половина.

Симеоне го издаде најсилното оружје, тие веќе до десеттата минута можеа да примат неколку голови, а грешеа при прекини.

Тимот кој заостанува по квалитет во однос на противникот, кога не го искористи токму својот најголем адут не може многу да очекува.

Токму тој ран гол даде максимална сигурност на Реал, Симеоне нормално не падна во замката веќе атакуваше напред и да ја преземе играта, Атлетико освен што тоа не го умее, во секоја ситуација  има проблем „еден на еден“ тоа е едноставно разлика во милиони кои се вложени во двата тима.

А со таква играа имаа шанси, но за разлика од тимот на Анчелоти, овој на Реал на Зидан е поотпорен во одбраната,  чиничен, умее да игра на мал резултат.

Во продолжението Реал едноставно го направи тоа што се и очекуваше, го спушти ритамот, ја чекаше немоќна Атлетико кога треба да креира во вакви ситуации да исплива на површина.

Сигурно дека Зидан беше задоволен со 1:0, но хет-трикот на Роналдо практично е награда за лекцијата која ја одржаа на Атлетико. На некој начин, со сите предизвици, па и потсмев, со неминовни грешки на чекори како тие против Барселона, Французинот покажа дека учел од најдобриот и дека тој едноставно умее со Атлетико.

Може да се каже дека повредата на Бејл му оди на рака, со 4-4-2 имаше јасна разлика на средината додека Иско не се умори.

Ни повредата на Карвахал не го поремети бидејќи од Начо се очекуваше да го направи тоа што го умее, за во дефанзива да ја закрпи дупката, немаше потреби за било какви излегувања напред.

Со други зборови, овој Реал е целосно нетипичен, дел и поради основата на средината на теренот предводена од Касемиро, практично не дозволува луксуз за создавање на контранапади на ривалот што често беше случај во минатото.

И не го забораваме Роналдо, тој можеби се штеди во некои мечеви, но неговиот индивидуален квалитет во големите мечеви е неспорен.

На крајот, резултат од соништата за Реал, се чини дека пасошите за Кардиф се визирани, Реал ќе ја брани круната…