Оцени – Роналдо со заслужена 10-ка, Касемиро беше како „Пакмен“!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Играчот на натпреварот се знае, редот за врска беше точен како швајцарски часовник.

Фудбалери на Реал

Кејлор Навас 7

Му пресече шанса за Гамеиро, па не е јасно поради што немаат доверба во него и ќе го донесат Де Геа во Реал. Голманот на Костарика брани одлично.

Карвахал 7

Солиден како и вообичаено, повеќе напаѓачки од обично, но нема среќа со повреди во големите натпревари.

(Начо 7)

Одработи како што се очекуваше од него, ја затвори десната страна и имаше одличен натпревар.

Рамос 7.5

„Ел Команданте“ и нема што повеќе да се додаде.

Варан 7

Повредата и отсуството не оставија трага, тој одигра добро.

Марсело 8

Еден од најдобрите леви бекови на светот, едноставно кога ќе му направите многу шанси на Роналдо и тимот, тогаш тоа за екипата е непроценливо.

Касемиро 8

Тој можеби заслужува и повеќе, без него се што прави Зидан во вакви натпревари би се срушило.

Модриќ 7.5

Одличен натпревар, тој никогаш не игра натпревар под очекуваното.

Тони Крос 7.5

Го одработи своето, ја контролираше играта, па редот за врска го реши финалистот.

Иско 7.5

Тоа што се бараше од него претходно, а не го правеше, сега го направи одлично, во дефанзива имаше одличен ден, а подоцна се виде дека паѓа, па беше заменет.

(Асенсио 7)

Продолжи таму каде што Иско застана, можеше неколку пати и подобро да го заврши додавањето, но овој пат играчот докажа дека е иднина на Реал.

Кристијано Роналдо 10

Неверојатен натпревар на Роналдо за кој нема потреба многу да се коментира.

Бензема 8

Тоа колку може да носи на својот грб и кога не постигнува гол, неговата агресивност, но и фактот дека е омилен соиграч на Роналдо. Тој е подготвен да се жртвува за него.

(Лукас Васкез 8)

За кратко време успеа да асистира за гол, доволно за висока оцена, затоа што тој гол ги реши дилемите.

Фудбалери на Атлетико

Облак 6

Спаси еден гол, а тешко дека можеше да ги одбрани другите удари на Роналдо.

Лукас 5

Проба да го испровоцира Роналдо, а тоа му беше еден обид за да смени нешто.

Савиќ 5

Очаен, изгуби дуел при првиот гол, а ова му беше една од најлошите игри за Атлетико.

Годин 5.5

Вечерва делуваше како да нема здив за да се спротистави на противниците.

Габи 5.5

Тој делуваше подобро од соиграчите во првиот дел, иако борбеноста во продолжението ја снема.

Саул Нигез 5

Доби картон, беше нервозен, а изгуби голем број дуели на средината на теренот.

(Нико Гајтан 5)

Ништо не успеа да смени во тимот.

Јаник Караско 5.5

Нешто се обидуваше во првиот дел, а потоа целосно се изгуби.

(Кореа 5)

Беше буквално невидлив на теренот.

Коке 5

Исто така без некакво постигнување, редот за врска на Атлетико ја изгуби оваа битка, а се останато беше последица на тоа.

Гризман 5

Нема потреба да се коментира, затоа што ова беше многу лош натпревар.

Гамеиро 5.5

Имаше една голема шанса, се обиде да направи нешто повеќе, но не успеа на крајот.

(Фернандо Торес 5)

Немаше никакво влијание врз натпреварот.