Иско! Монако или Јувентус? Се знаете


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Тренерот на Реал го пофали фудбалерот на Реал кој доби шанса на местото на Бејл.

Зинедин Зидан повторно го надмури Диего Симеоне.

Легендарниот французин за една година направи чудо со Реал.

„Одигравме одличен натпревар, но останува уште една за финале. Првите половина час беа фантастични. Иако имаме 3:0 не чека реванш. Дури судијата не суди крај никогаш не знаеш што може да се случи. Можеме да бидеме среќни што фудбалери одиграа фантастичен натпревар“, изјави Зидан.

„Сега мораме да одмориме и спремиме за следниот натпревар. Мораме да размислуваме за натпреварот во сабота. Сега уживаме, а утре се спремаме за првенството. После тоа за реваншот.“

„Иско играше помеѓу нивните линии и тоа ни донесе многу. Одработи фантастична работа и ни направи многу шанси. Потоа направивме две измени кои ни донесоа свежа крв и баланс во дефанзивата.“

И учинокот на Роналдо ги искоментира.

„Што да кажам за него? Тој зборува сам за себе.“

За кого ќе навивате во полуфиналето помеѓу Јувентус и Монако?

„Знаете добро за кој.“