Монако против Јувентус – Како изгледаат пред две години, а како изгледаат денеска


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Вечерва не очекува првиот натпревар од вториот полуфинален пар од Лигата на шампионите.

Полуфиналната серија синоќа Реал Мадрид ја отвори со победа над Атлетико со резултат 3:0.

Роналдо постигна хет-трик, постави одредени стандарди во европскиот фудбал.

Вечерва од 20:45 часот не очекува првиот меч од вториот полуфинален пар, Монако на својот стадион Луј втори го дочекува Јувентус.

Овие две екипи последен пат се сретнаа пред нешто повеќе од две години во 1/4  финалето, тогаш Јувентус помина понатака, го добија мечот на својот терен со мининални 1:0, додека во реваншот немаше голови.

Двете екипи во меѓувреме претрпија големи промени, а во продолежнието погледнете како изгледаа составите на тимовите, на чии клупи тогаш седеа Леонардо Жардим и Макс Алегри.

Што се однесува до натпреварот кој не очекува вечерва, Жардим нема да може да смета на одамна повредениот Боскиља, како и десниот бек Сидибе, додека под знак прашање и Туре, Бакајоко и Гвидо Кариљо.

Алеги нема да може да смета на повредените Ругани и Пјаца, додека на стадионот Луј Втори нема да заигра ни Сами Кедира, кој одработува суспензија.

Составите  може да изгледаат вака: