ЛШ – состави: Изненадување на Алегри


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Еве ги составите на Монако и Јувентус за натпреварот од полуфиналето на Лигата на шампионите.

Алегри денеска не можеше да смета на тројца свои фудбалери, а тоа се Сами Кедира поради жолти картони, Марко Пјаца поради повреда на коленото, како и Даниеле Ругани кој исто така е повреден.

Направи едно изненадување во стартниот состав, во тимот е Барзаљи наместо Квадрадо, па Дани Алвеш ќе игра доста офанзивно.

Од друга страна, тренерот на Монако Леонардо Жардим не можеше да смета на Сидибе и Боскиља, а се одлучи за очекуван состав.

Еве ги стартните состави на екипите:

Монако: Субашиќ – Дирар, Глик, Жемерсон, Сидибе –Фабињо, Бакајоко, Лемар, Бернардо Силва- Фалкао, Мбапе.

Јувентус: Буфон – Барзаљи, Бонучи, Киелини,, Алекс Сандро – Пјаниќ, Маркизио, Дани Алвеш – Дибала, Манџуќиќ, Игуаин.