Игуаин го отвори патот на Јувентус за Кардиф!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерите на Јувентус го победија вечерва во гости Монако со 2:0 во рамките на првиот меч од полуфиналето на Лигата на шампионите.

Монако одигра одлично во целата сезона и во претходните фази од натпреварувањето ги победуваа Манчестер Сити и Борусија Дортмунд, но вечерва не личеа на екипата која играше атрактивен фудбал.

Екипата на Јувентус без поголеми проблеми ги уфрли во својата машина и се играше по правилата на Старата дама, а во таква ситуација речиси ниту една екипа не би имала шанса.

Првата шанса на мечот ја имаше Монако и тоа преку Мбапе, но неговиот удар без поголеми проблеми го одбрани Буфон.

Јуве од првата шанса погоди. Се играше 29 минута кога Дани Алвеш одлично со пета асиститираше, а Игуаин го постигна својот прв гол на мечот за водство на Јувентус од 1:0. Тоа беше и конечен резултат од првиот дел на мечот.

Во продолжението е видена речиси идентична ситуација на теренот.

Немаше поголеми шанси на двете страни и поголем дел се играше на средината на теренот.

Во таква ситуација Јуве успеа да создаде уште една добра шанса преку Игуаин и повторно постигнаа гол за 2:0 и тогаш беше јасно дека Монако тешко ќе се врати.

До крајот на мечот Монако повторно имаше иницијатива, но не се заканија сериозно на Буфон.

Реваншот е на распоредот за шест дена во Торино.