Антиќ со Фенербахче шампион на Турција


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Екипата на Фенербахче е нов шампион на Турција после победата против Анадол Ефес со резултат 91:70 и победа во финалната серија со 4:2.

Луиџи Датоме со 20 поени и Јан Весели со 12 поени беа најефикасни во победничкиот тим, а на спротивната страна со 18 поени се истакна Диблер, а Чади Осман додаде 14. Антиќ не го одигра натпреварот поради ограничен број на странци во еден тим во турскиот шампионат, но сепак стана двоен шампион со турскиот клуб.