Ајакс потсети на старите денови и го потопи Лион!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Фудбалерите на Ајакс заиграа одлично и го победија Лион со 4:1 во првиот натпревар од ½-финале во ЛЕ.

Иако се очекуваше неизвесен натпревар, сепак Ајакс на крајот покажа дека е подобар противник и стигна до победата.

Тимот од Амстердам со контра напади го загрозуваше голот на гостите, а се започна во 25-та минута кога Траоре погоди за 1:0, а само 9 минути подоцна Долберг зголеми на 2:0.

Во продолжението од натпреварот паднаа уште 3 голови. Прво домашните зголемија на 3:0, а во 66-та минута Валбуена ја врати надежта на гостите која згасна по голот на Траоре за 4:1.