„Јуве е губитнички тим, Реал ја освојува Лигата на шампионите“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Се е извесно дека во овогодинешното финале на Лигата на шампионите ќе се сретнат Реал Мадрид и Јувентус, со оглед дека овие два тима имаат голема предност после првите мечеви од полуфиналето против Атлетико (3:0), односно Монако (0:2).

Двете екипи покажаа дека играат квалитетен фудбал во Европа. Мадриѓаните тоа го прават во континуитет наназад неколку сезони, додека Старата дама расцути доби дури во последните година дена, кога во тимот стигнаа големи засилувања.

Свое предвидување во случај за вакво сценарио, кажа и прославениот фудбалер, и некогашен ас на Реал, Предраг Мијатовиќ.

Тој се наврати на досегашната статистика, и јасно порача на кого дава предност во финалето.

„Јувентус е сериозен тим, одлично се брани и имаат голем квалитет во нападот. Играат во одлична форма, како и Реал, но Јуве е губитнички тим во финалината на Лигата на шампионите, додека Мадриѓаните постојано победуваат“, истална Мијатовиќ.

Со оваа изјава, Мијатовиќ алаудира на фактот дека торинскиот гигант загуби дури шест финалина за титулата шампион на Европа, вклучувајќи го и тоа во 1998 година кога токму популарниот Пеџа пресуди на црно-белите (1:0). Финалето на Лигата на шампионите во оваа година се игра во Кардиф.