„Во фудбалот и чудата се можни“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Фудбалерите на Селта Виго и Манчестер Јунајтед играат 1/2 од Европа Лигата вечерва.

Гуидети верува дека неговиот тим од Виго може да изненади вечерва и да ги победи играчите на Манчестер Јунајтед.

„Од првиот ден веруваме дека можеме да одиме до крај и од тоа нема да се откажеме. Имаме сопствен стил на игра кој ќе го практикуваме до крај секако. Во фудбалот се можни чуда. Свесни сме и самите дека сме еден мал клуб во споредба со другите, но тоа не е факт кој би не однел до откажување“ – вели Гуидети.

Гуидети играше во Манчестер Сити, но сега судбината го враќа во Манчестер, но во сосема друг дел на градот.

Натпреварот е вечерва од 21:05 на Олд Трафорд.