Хрн го најави датумот на натпреварот помеѓу Џошуа и Фјури!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Еди Хрн го најави натпреварот на Џошуа и Фјури.

Џошуа, кој го победи Кличко во минатиот натпревар, е подготвен за дуел со Фјури.

Така барем тврди Хрн кој е заинтересиран да се организира оваа борба.

„Тој има голема желба да го види Тајсон во рингот. Меѓутоа мислам дека тоа нема да биде негова наредна борба, затоа што Фјури не е подготвен. Физички е далеку од вистинската форма, но секако очекуваме да ги заврши подготовките.“

Додаде дека верува дека Кличко ќе бара реванш, затоа што на тоа има право според договорот.

„Верувам дека Владимир сака нова борба и тоа дефинитивно би сакале да го видат луѓето. Убеден сум дека смета дека може да има добар натпревар.“