Рашфорд со фантастичен гол донесе победа на Јунајтед во Виго (Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Манчестер Јунајтед вечерва како гостин славеше против Селта во Виго со 1:0 во првиот полуфинален натпревар од Европската лига, со што стигна многу блиску до пласман во финалето во второто по ранг натпреварување во Европа.

Единствениот погодок на натпреварот го постигна Маркус Рашфорд, кој во 67 минута со фантастичен гол од слободен удар погоди за победа на Црвените ѓаволи.

Првата шанса ја имаше Даниел Вас во 11 минута, а потоа во 20 минута Рашфорд по прв пат го стави домашниот голман на сериозен тест.

Јунајтед до крајот на првото полувреме се закануваше и преку Михтаријан и Лингард, но резултатот не се менуваше.

Почетокот на второто полувреме припадна на Селта, која се закануваше на Ромеро преку Систо и Аспас, а во 67-минута 19-годишниот Рашфорд го реши прашањето на победникот и го постигна својот веројатно најважен гол во досегашната кариера.

Можеше Јунајтед и до убедлива победа, но силниот удар на Џеси Лингард во 75 минута помина покрај стативата на голот на Алварез.

На крајот, Манчестер Јунајтед заслужено славеше со 1:0 и стекна убава предност пред реваншот на Олд Трафорд кој се игра за седум д ена.

Да потсетиме, вториот полуфинален натпревар го сочинуваат Ајакс и Лион, а холандскиот тим во првиот натпревар славеше со високи 4:1.


CVMU01 by goloviliga