Може ли Роси да ја сочува лидерската позиција?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Овој викенд продолжува натпреварувањето во Мото ГП шампионатот.

4-та трка во оваа сезона, а прва на Стариот Континент ќе се вози на 7-ми мај на патеката во Херез. Ова е исто така првата од 4-те трки од премиерната класа која се вози во Шпанија.

Патеката е долга 4.4 километри, а се вози 27 кругови. Има 13 свиоци, широка е 11 метри, а најдолгиот правец изнесува 607 метри.

Најмногу победи на неа има Роси, дури 7 победи, кој во моментов е прв во генералниот пласман. Рекордот на патеката е во сопствеништво на Лоренцо кој има време од 1:38.735.

Пред трката за ГН Шпанија, Роси има 56 бодови додека второпласираниот Вињалес има 6 бодови помалку.

Трката се вози во недела од 14 часот.