Љајиќ ја одложи прославата на титулата, Јуве до бод во судиското продолжение!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Јувентус денеска можеше до прослава на титулата шампион на Италија, но Адем Љајиќ со фантастичен потег се тоа го одложи за некој друг пат.

Јувентус не успеа да слави на својот терен против Торино, беше само 1:1 во градското дерби.

Алегри денеска се појави со изменет состав, шанса добија играчи кои не играа премногу во претходниот дел како што се Нето, Бенатија, Асамоа, Ринкон, Стураро…

Шефот на стручниот штаб на шампионот на Италија сакаше да ги одмори своите играчи пред големиот дуел со Монако во рамките на полуфиналето на ЛШ, што му се удри во глава.

И покрај тоа што излезе со комниниран состав, Јувентус го диктираше темпото во овој меч, а во текот на првото полувреме свои шанси пропуштија Бенатија и Бонучи, како и Лихштајер и Дибала.

Торино не се закануваше премногу, ја чекаа својата шанса и ја дочекаа.

Досуден е слободен удар на 20-тина метри од голот на голманот Нето, Адем Љајиќ го изведе, погоди за 0:1.

Гостите останаа со играч помалкиу после што Аку доби втор жолт картон, тогаш и Михајловиќ беше поприлично бесен, па и на него судијата Валери додели исклучување.

Кедира пропушти добра шанса за Јувентус,  од блиску го промаши цел гол.

Сепак, домаќините стигнаа до израмнување во финишот на мечот.

Игуаин, кој влезе од клупата денеска, ја прими топката на 17-18 метри од голот, од прва удри по топката и го совлада голманот Харт за 1:1, што беше и конечен резултат.