Реал се прошета, Мадриѓаните и со вториот тим би биле кандидати за титула!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Реал Мадрид продолжи да гази и со вториот тим.

Фудбалерите на Реал Мадрид ја победија во гости екипата на Гранада со резултат 4:0 (4:0) од 36 коло од Примера.

Интересно, во тимот не беа Кејлор Навас, Карвахал, Марсело, Варан, Крос, Модриќ, Роналдо и Бензема, но доминираа Родригез, Мората, Асенсио, а по страните Данило и Коентрао.

Реал сите дилеми околу победникот ги реши на самиот почеток, поради тоа што Џејмс Родригез со два гола донесе на Мадриѓаните голема предност.

Веќе во третата минута, Лукас го проигра Колумбиецот, а Родригез неколку минути подоцна ја искористи асистенцијата на Коентрао за 2:0.

До крајот на полувремето, Мората постигна два феноменални голови за 4:0. Шпанецот прво со силен шут од пречката постигна гол по асистенцијата на Данило, а потоа убаво ја пласираше во другиот агол за 4:0.

Во второто полувреме, Реал го спушти ритамот, го чуваше резултатот и направи уште еден чекор кон титулата.

Реал сега има ист број на бодови како и Барселона, но и меч помалку, па така и понатака се држи во свои раце.