„Не е готово, но ќе биде тешко да се стигне Челси“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Покетино е свесен дека неговиот Тотенхем тешко ќе го стигне Челси на табелата.

Тотенхем со минимален пораз од Вест Хем се одалечија од титулата, а на табелата Челси има 4 бодови повеќе и натпревар помалку.

„Не е готово. Ќе мора да почекаме, но мислам дека ќе биде тешко да се стигне Челси. Мирен сум, но разочаран поради тоа што пропуштивме шанса да ја намалиме разликата.“

Челси со победа против Миделсброу би ја зголемил предноста.

„Седум бодови ќе биде тешко да се стигнат на три натпревари до крајот, но во фудбалот мора да дадете се од себе. Точно е, ќе биде тешко.“

Наредното коло за Тотенхем ќе донесе натпревар против Јунајтед.