Жестока битка во Мадрид – Шарапова ја „скрши“ Лучиќ-Барони на крајот!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Денес се одигра натпреварот помеѓу Шарапова и Лучиќ-Барони.

Беше видена жестока битка на денешниот натпревар на кој Шарапова успеа да стигне до победата со 2:1 во сетови.

Натпреварот започна пеколно. Веднаш 2 брејкови, по 1 на двете страни на почетокот и израмнета игра до 2:2. Во продолжението од сетот повторно следуваа 3 брејкови, но овој пат Лучиќ-Барони успеа да направи 1 брејк повеќе и да стигне до 6:4 во првиот сет.

Вториот сет помина израмнето и со уште поголема борба. Брејк прва направи Шарапова и во 8-от гејм од натпреварот имаше 4 сет топки, но за жал не искористи ниту една. Во наредниот гејм брејк успеа да направи Лучиќ-Барони, но веднаш потоа експресно враќа Шарапова за 6:4 во вториот сет.

Третиот сет немаше многу дилеми и помина во целосна доминација на Шарапова која со брилијантна игра и со дури 3 брејкови стигна до неверојатни 6:0.