„Сеедно е против кого играме, противникот не е важен“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кливленд се пласираше во финалето на Истокот, откако го победија Торонто со 4:0.

Тие во последниот натпревар го победија Торонто со 109:102, а до победа ги однесе Џејмс со 35 поени, 9 скокови и 6 асистенции.

„Мене ми е сеедно, мило ми е што го претставуваме нашиот дел во финалето од Истокот, а потоа и да се бориме за титулата.“

Џејмс додаде дека сите играчи се здрави, па сега играат многу подобро од претходно.

„Точно знам кога Кајл зборуваше, постои уште едно ниво кај нас. Ќе работиме на тоа, па ќе видиме што ќе се случи. И во напад и во одбрана може да ја кренеме играта. Иако ја добивме оваа серија, постојат работи кои мора да ги поправиме.“