„Сан Сиро“ се прости од големиот Тоти!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Милан минатата вечер го пречека тимот на Рома и беше поразен со 4:1 во рамки на 35-то коло.

Навивачите на Милан вечерва имаа шанса последен пат да го гледаат Тоти на својот стадион, а покажаа дека го почитуваат многу.

При претставувањето на тимовите на почетокот на стадионот, беше поздравен Тоти, а на јужната трибина имаше транспарент на кој пишуваше:

„Јужната трибина му дава почит на големиот ривал Франческо Тоти.“

Да потсетиме, легендата на Рома пред неколку денови потврди дека на крајот на сезоната ќе се пензионира. Тој играше 25 години за Рома.