Кој веќе обезбедни место во Лигата на шампионите за наредната сезона?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалската сезона влезе во самиот финиш, а многу клубови веќе ставија шампањ на ладење.

Кој веќе сега обезбеди учество во Лигата на шампионите?

Фудбалските шампионати во земјата ширум Европа влегоа во самата завршница и веќе за викендот може да добиеме нови шампиони во поедини лиги.

Баерн од Минхен веќе ја одбрани титулата, а наскоро во најсилните лиги титулите може да ги понесат Челси, Монако, Бенфика, Јувентус…

Во Примера завршницата на сезоната ќе биде исклучително возбудлива бидејќи Барселона сеуште има шанса да го прескокне Реал Мадрид, а тоа што е сигурно е дека двата клуба на есен ќе ги гледаме повторно во Лигата на шампионите.

Актуелниот шампион на Европа и Барселона веќе обезбедија пласман во групната фаза на елитното европско натпреварување, баш како што тоа го направија уште девет клубови.

Клубовите кои до денес го уверија пласманот во групната фаза на Лигата на шампионите:

1.Бенфика (Португалија)

  1. Челси (Англија)
  2. Монако (Франција)
  3. Барселона (Шпанија)
  4. Базел (Швајцарија)
  5. РБ Лајпциг (Германија)
  6. Реал Мадрид (Шпанија)
  7. Шахтјор Доњецк (Украина)
  8. Тотенхем (Англија)
  9. Баерн Минхен (Германија)

Ако се земе во предвид дека на листата се наоѓаат само клубовите кои математички веќе обезбедија место во елитата, а сигурно дека на таа листа може да се додадат Јувентус, Пари Сен Жермен и Атлетико Мадрид кои со една нога се во групната фаза на Лигата на шампионите.

После што борбата за титулата ќе биде завршена во Белфија, Холандија и Турција и тие три земји ќе дадат барем по еден претставник во групната фаза на Лигата на шампионите, а ќе видиме кој низ квалификации ќе проба да стигне до елитата.