Атлетик се засилува од Дортмунд?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Младиот шпански репрезентативец во ова лето може да се врати во татковината бидејќи не се снајде најдобро во Борусија, пишуваат германските медиуми.

Борусија во летото го доведе Микел Мерино од Осасуна, но овој 20-годишен играч за врска не успеа да се избори за значајна улога во екипата на Томас Тухел.

Запиша само 8 настапи во својата дебитанска сезона во Бундеслигата, од тогаш само два пати беше стартер, па оттука и незадоволството и желбата да се врати во Шпанија.

Бидејќи е Баскиец од соседната Навара, има услов да заигра за Атлетик Билбао, која го сака во своите редови.

Мерино има договор со Милионерите, кој важи до 2021 година, има клаузула „ за слобода“ во износ од 5 милиони евра.

Ќе видиме дали Лавовите ќе ја издвојат таа сума да го доведат во својот табор.