Минатото лето беше на мета на Арсенал, во ова лето може да заврши во Франција


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Како што пренесува реномираниот „Л`Екип“ на Паркот на Принцевите во ова лето може да стигне дефанзивец.

ПСЖ игра сезона за заборав, досега стигнаа до трофеј во Лига Купот, како што стојат работите во витрините ќе стигне и трофеј во Купот на Франција, но тоа дефинитивно не е доволно за апетитите на богатите сопственици.

Монако извесно ќе ја прекини нивната доминација во Франција, на чекор се од освојување на титулата, а од ЛШ Парижаните испаднаа на поразувачки начин, после победата во Париз над Барса од 4:0, поразени се на Ноу Камп со 6:1, и на се најдоа на темната страна од историјата на елитното натпреварување.

Емери најверојатно ќе ја добие довербата на управата и ќе го предводи клубот и во наредната сезона, а јасно е и дека шпанскиот стручнак ќе ангажира неколку засилувања.

Првото од нив може да биде левиот бек на Волфсбург Рикардо Родригез.

Швајцарскиот репрезентативец дефинитивно ќе ги напушти редовите на Волците на крајот на оваа сезона, бидејќи екипата од Фолксваген Арена во последните две кола ќе се бори за опстанок во Бундеслигата, имаат само два бода повеќе од ХСВ која е прва испод цртата.

Тоа дефинитивно не ги исполнува неговите амбиции, а јасно е дека лесно може да пронајде далеку подобра средина, во летото на масата имаше понуди од Арсенал и Наполи, но сепак остана во Германија.

Сега тоа извесно ќе се промени, а неговата наредна дестинација може да биде ПСЖ, кој наводно веќе воспостави контакт со управата на Волфсбург, спремен е да плати 22 милиони евра и така да ја активира клаузулата која се наоѓа во договорот на играчот.

Конкуренција може да имаат во Интер, но наводно управата на Нероаѕурите е спремна да понуди само 14 милиони евра за неговите услуги, што секако не е доволно.

На „Паркот на Принцевите“ во Родригез гледаат замена за Максвел, кој најверојатно ќе го напушти клубот на крајот на сезоната.