„На натпреварите на Кливленд игра само еден тим“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Многумина сакаат трета година по ред во финалето во НБА да играат Кливленд и Голден Стејт, а еден од најдобрите играчи на Голден Стејт, Грин имаше што да каже за овие натпревари.

Актуелниот шампион досега не изгуби ниту еден натпревар во плеј-оф серијата. Противниците скоро и да немаа шанси ниту во еден од вкупно 8 натпревари.

„Мислам дека нивните противници мораа да се потрудат малку повеќе. Ги гледав Сан Антонио-Хјустон. Сакам добра кошарка.“

„Кога го гледате Кливленд, тоа е добра кошарка само на една страна. Тоа е голема штета. Јас сакам кога натпреварот е добар, не мора дури ниту да биде неизвесен. Сакам кога тимовите играат добра кошарка.“