Болт го советуваше Санчез да се пресели од Арсенал!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Усеин Болт, добро познат на сите, го советуваше Алексис Санчез да си замине од екипата на Арсенал.

Санчез веќе долго време се поврзува со заминување од Арсенал.

Тој изјави дека Алексис би требало да го засили тимот на Манчестер Јунајтед.

„Тој одлично би се снашол во Јунајтед. Таков играч им треба на тимот од Манчестер. Потребен е некој кој знае да ја земе топката и да направи добра шанса за гол. Тој докажа дека е еден од најдобрите“ – вели Болт

Покрај Манчестер Јунајтед, интерес за Санчез има и од Сити, Јувентус и ПСЖ.

Оваа сезона Санчез постигна 24 погодоци за екипата на Арсенал во сите натпреварувања.