„Еднаш го победивме Реал Мадрид со 4:0“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Атлетико Мадрид утре има тешка задача да надокнади недостаток од 3 погодоци против Реал Мадрид во 1/2 финалето од ЛШ.

Екипата на Атлетико има една победа против Реал во последните 4 децении со повеќе од 3 гола разлика, во февруар 2015 со 4:0.

„Ние веќе еднаш ги победивме со 4:0 на Висенте Калдерон, играше тогаш и Роналдо. Ништо во фудбалот не се знае, барем имаме пресни примери како ПСЖ. Ние ќе се бориме“ – вели Коке.

И Диего Симеоне вели дека чудата се можни.

„Ќе биде тешко, но тоа е фудбалот. Ќе се бориме додека има надеж. Ќе се обидеме да го направиме невозможното. Ние сме Атлетико Мадрид и го можеме тоа“ – вели тој.