Монако немаше сили за изненадување – Јувентус е првиот финалист во ЛШ!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Вечерва се одигра реванш натпреварот во ЛШ помеѓу тимовите на Јувентус и Монако.

Натпреварот започна жестоко од страна на Јувентус кој имаше шанси преку Игуаин во 22-та минута, па потоа преку Манџукиќ во 25-та минута, но голманот успеа да одбрани.

Во 28-та минута Пјаниќ успеа да испрати удар, но тој заврши само во блокот на дефанзивците на Монако.

До првиот гол се чекаше до 33-та минута кога Манџукиќ успеа да испрати една одбиена топка под пречката.

Пред самиот крај на првото полувреме Дибала успеа да испрати удар, но тој по одбиената топка заврши во корнер.

По корнерот Алвеш одлично успеа да испрати удар и да зголеми на 2:0.

Во вториот дел првата шанса ја имаше Квадрадо, но неговиот удар беше блокиран.

Во 67-та минута Мбапе се закани во левиот долен агол, но Буфон имаше одлична интервенција.

Само 2 минути подоцна Мбапе успеа да го надмудри Буфон и да намали на 2:1.

До крајот на натпреварот немаше посериозни шанси и со овој резултат Јувентус стана првиот патник во финалето на ЛШ каде што ќе игра против подобриот од дуелот помеѓу Реал Мадрид и Атлетико Мадрид.